Не излегувајте без чадор, најавен пороен дожд и силен ветер

од Nikola Popovski
143 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, информираат од УХМР.

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.

Слични содржини