ДПМНЕ излегува со проверени кадри на режимот на Груевски, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
439 прегледи

Од СДСМ реагираа со соопштение на носителите на пратеничките листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборните единици. Според партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе промена.

-По Гордана Силјановска Давкова, како кандидат на ДПМНЕ за претседател на државата, која на минатите изборите загуби од Пендаровски, ДПМНЕ излегува со проверени кадри на режимот на Груевски, како Николоски, Мисајловски, Ковачки, за носители на листите.  Се потврди дека ДПМНЕ нема ни кадровска, ни програмска понуда. Со стари кадри на Мицкоски како носители на листите, ДПМНЕ на граѓаните им нуди враќање назад во минатото, во изолација, далеку од членство во ЕУ и напредок, порачаа од партијата на власт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера најави дека тој ќе биде носител на пратеничката листа во првата изборна единица. Тој ги откри и имињата на носителите во другите изборни единици.

Во втората носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата пратеникот Драган Ковачки, во четвртата потпретседателот на партијата, Александар Николоски, а во шестата пратеничката Дафина Стојаноска. Одлуката за тоа кој ќе биде носител воизборната единица пет ќе биде донесена во текот на денот.

Најави дека програмата за изборите се финализира, како и дека има во неа многу новинети.

-Не ветуваме премногу и чуда, но тоа што е ветено, стоиме позади тоа и врз основа на тоа, ќе ја градиме нашата политика. После две години, истата програма ќе биде ревидирана и надградена откако реално ќе ги видиме ресурсите со кои што ќе располагаме. Имаме информација дека она што ќе го следиме од оваа власт е алармантно и катастрофално, кажа денеска Мицкоски од Аеродром.

Слични содржини