Османи за Резолуцијата на САД: Ветер во грбот за нас и охрабрување на земјите-членки на ЕУ

од Nikola Popovski
215 прегледи

Има предлог на четворица сенатори на резолуција која што ќе биде ветер во грбот на нашата држава за членство во ЕУ и тоа е многу важно. И Републиканците и Демократите во САД се едногласни и имаме апсолутен консензус за поддршка на земјава, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако Сенатот на САД донесе резолуција за поддршка за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, без дополнителни билатерални услови.

Според него, тоа ќе биде охрабрување за нас, но и до ЕУ дека треба да се забрза патот на С. Македонија.

-Преговарачката рамка е утврдена и таа ги брани нашите позиции бидејќи не дозволува историски и идентитски прашања да бидат бенчмаркови за отворање и затворање на поглавја, туку само малцински и човекови права. Очекувам по изборите да се забрза процесот и до 2030 година, РС Македонија да биде членка на ЕУ. Оваа резолуција ќе помогне во охрабрувањето на земјите-членки, додаде Османи.

Слични содржини