Тренерот на италијанскиот прволигаш Лацио, Маурицио Сари (65) во вторникот поднесе оставка по третиот последователен пораз на неговиот тим во првенството (2:1 од Удинезе).
Серијата од четири порази во низа (три во Серија А и пораз и испаѓање од Лигата на шампионите против Баерн) одлучи за тоа Маурицио Сари (65), повеќе да не е тренер на римски Лацио.
Со 12 порази во 28 кола, Лацио моментално е деветти во шампионатот, а влезот во Лигата на шампионите заврши со пораз во осминафиналето од Баерн Минхен.
Лацио останува во игра за освојување на Купот на Италија, каде следниот месец ќе игра против Јувентус во полуфиналето.
Маурицио Сари го презеде Лацио во летото 2021 година, а претходно меѓу другите ги водеше Јувентус, Челси и Наполи. Сари во овој термин го предводеше Лацио на 137 натпревари во сите натпреварувања, оствари 65 победи, 30 нерешени и 42 порази.