Тод Боли е на турнеја низ Саудиска Арабија за да обезбеди излезни трансфери од 100 милиони евра

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Сопственикот на Челси, Тод Боли беше во посета на Саудиска Арабија каде што разговараше со директорот за фудбал на локалната лига, Мајкл Еменало, кој е поранешен технички директор на лондончани. Според англиските медиуми, целта е Американецот да обезбеди поголема продажба на играчи на богатите саудиски клубови, со што Челси може да се обиде да го поправи сметководството и да влезе во рамките на финансиските прописи на Премиер лигата. Според пресметките, лондончани треба да направат продажба од повеќе од 90 милиони фунти за да ја компензираат големата потрошувачка за нови играчи.

Челси минатото лето ги продаде Н’Голо Канте, Едуард Менди и Калиду Кулибали во Саудиска Арабија. Сега Боли повторно ќе се потпре на овој пазар. Американецот очекува стабилни приходи од потенцијалните продажби на Ромелу Лукаку и Кепа Аризабалага, кои моментално играат како позајмени во Рома, односно Реал Мадрид. Белгиецот има договор за уште две години со ослободителна клаузула од 37 милиони фунти. Договорот на Шпанецот истекува за нешто повеќе од една година.

Конор Галагер, Армандо Броја, Трево Чалоба и Марк Кукуреља исто така се поврзуваат со потенцијални заминувања, иако првиот е еден од најдобрите играчи во тимот на Маурисио Покетино оваа сезона.

Слични содржини