Поранешен Ф1 возач: Шумахер би бил среќен да го види Хамилтон во Ферари

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Поранешната Ф1 ѕвезда, Џанкарло Физикела верува дека Михаел Шумахер би сакал да го види Луис Хамилтон во Ферари. Како што е познато, британскиот пилот ќе вози за Скудерија во 2025 година.

Хамилтон на почетокот на оваа година најави дека ќе му се приклучи на Ферари следната сезона, со што стави крај на неговиот 11-годишен ангажман во Мерцедес. Михаел Шумахер освои пет светски титули со Ферари и со тоа има седум шампионски триумфи, колку што има и Хамилтон, а Британецот верува дека може да го собори рекордот на германската икона токму со болидот на „црните коњи“.

Шумахер не е виден во јавноста од тешката несреќа во декември 2013 година и Физикела признава дека не разговарал со него, но верува дека 55-годишниот бивш пилот би сакал Хамилтон да успее во Ферари.

„Сигурно Михаел Шумахер би бил среќен да го види Луис Хамилтон да вози за Ферари следната година и да ја освои шампионската титула, зошто да не?“, изјави Физикела, цитиран од Si.com.

Михаел Шумахер многу добро знае како е да се направи таков потег, откако се префрли од Ферари во Мерцедес, каде што возеше во последните три сезони.

Слични содржини