Канатларовски го објави списокот на македонските У-21 надежи за дуелите со Гибралтар и Шведска

од Симе Стоиков
197 прегледи

Младата репрезентација на Македонија до 21 година кон крајот на март ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на Европско првенство во Словачка 2025 година.

Селекцијата предводена од Драги Канатларовски ја очекуваат два натпревари против Гибралтар и Шведска на домашен терен. Дуелот од 5.коло против Гибралтар е закажан на 21. март на Националната арена „Тодор Проески” со почеток во 14:00 часот.

На 26. март на Националната арена „Тодор Проески” со почеток во 14:00 часот играме против репрезентацијата на Шведска.

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски А.П. Брера

Стефан Митрев Кожув

Иван Николоски Каменица Саса

ОДБРАНА:

Методи Максимов Алесунд, Норвешка

Стефан Деспотовски Работнички

Решат Рамадани Шкендија

Имран Фетаи Тиквеш

Андреј Стојчевски Жилина

Михаил Димитриевски Брегалница

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов Сондеријске, Данска

Ардијан Цилафи Сампдорија, Италија

Хамза Рамани Шкупи

Лука Станковски Тузласпор, Турција

Алекс Златков Македонија Ѓ.П

Димитар Тодоровски Работнички

Матеј Ангелов Работнички

Ване Крстевски Шкендија

Берат Калкан Гостивар

Еркан Семовски Коге, Данска

Џемил Јахја Воска Спорт

НАПАД:

Марио Илиевски Кишварда

Луан Абази Сент Гален, Швајцарија

Филип Трпчевски Уциктен, Шведска

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година, ги сподели своите очекувања за претстојните квалификациски натпревари против Гибралтар и Шведска.

„Не очекуваат два многу битни натпревари против Гибралтар и Шведска. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против нив на гостински терен во првото коло не беше случајна“, истакна Канатларовски и додаде:

„На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следните мечеви.Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки“.

Собирот на репрезентација на Македонија до 21 година е закажан на 18. март во 12. часот во хотел Хилтон.

Слични содржини