Претседател на здружение на лица со телесен инвалидитет измамил фирма и присвоил 10 илјади евра

од Nikola Popovski
305 прегледи

Охридската полиција поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“.

Тој, во својство на претседател на меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет во општините Велес, Чашка и Градско, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, довел во заблуда правно лице од Охрид и по основ на побарана позајмица, неовластено прибавил за себе корист од 600.000 денари.

Слични содржини