Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. Попладне ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури денеска ќе бидат од минус 1 до 6 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 7 до 17 Целзиусови степени.