Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека „Западот практично води војна против Русија во Украина“.
Лавров во интервју за телевизијата Соловјов во живо, на прашањето дали Западот и објавил војна на Русија, рече: „Тие веќе ја водат“, пренесува ТАСС.
На прашањето дали е неизбежен директен конфликт со НАТО, Лавров рече дека не е запознаен со плановите на Алијансата.