С. Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ, порача Ескобар

од Nikola Popovski
260 прегледи

Северна Македонија треба да стане полноправен кандидат за членство во Европската унија (ЕУ), изјавил високиот функционер на Стејт департментот Габриел Ескобар. Тој исто така смета дека земјава треба веднаш да стане членка на Унијата.

Ескобар во изјава истакнал дека С.Македонија е „одличен партнер и во билатералните и во мултилатералните сојузи како што се НАТО и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)“ и дека Вашингтон очекува и по изборите земјава да добие посветена влада за членство во Алијансата и интеграција во ЕУ.

Изјавата на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, кој деновиве престојува во Приштина, ја објави американската амбасада во Скопје, на својот официјален Твитер профил.

Предвидено е по Приштина, Ескобар да замине за Австрија, каде ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за претстојните двојни избори во С.Македонија и локалните избори во Србија.

Слични содржини