Димитриевски: Се манипулира јавноста дека ако Македонија го промени Уставот ќе стане членка на ЕУ

од Nikola Popovski
294 прегледи

„Секој граѓанин е индивидуа за себе и треба да е почитуван, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кандидат за претседател на државата, Максим Димитриевски во вчерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5.

„Мора да се смени нешто во државата во спротивно ќе се зголемува рзочарувањето во јавноста и едноставно луѓето ќе си заминуваат, а ние ќе останеме оскудни со кого да ја правиме државата“, истакна Димитриевски,

Запрашан зошто тој се решил да биде кандидатот на ЗНАМ за претседател на државата, одговори:

„Имавме неколку можни кандидати за претседател кои ги разгледувавме, на крајот анкетите беа пресудни, јас да бидам тој што ќе ја трча таа претседателска трка. Не само да учествува, туку со голема шанса аа победа, доколку граѓаните  ме препознаат за вршење на една таква одговорна државна позиција. Сметам дека на Македонија и треба авторитет којшто ќе ги одважи граѓаните и тие ќе ја чувствуваат државата за сигурна, бидејќи граѓанинот е тој суверен кој одлучува, а функцијата претседател на државата произлегува токму од моќта на непосреднните избори. Тоа и дава на тежина да му кажете не и на законодавниот дом и на изршната власт многупати кога се косат одлуките со интересот на граѓаните. Како претседател никогаш нема да дозволам законот да биде волја на владеачката структура што е на власт“, објасни Димитериевски.

Во однос на тоа што го разликува него и ЗНАМ од останатите политички субјекти на сцената Димитриевски рече дека различноста е во тоа што си го држат зборот.

„За мене сеуште синтагмата -зборот е збор- значи. И јас сеуште немам избегано од оние вредности уште од периодот на Шарената револуција. Значи, нема правда-нема мир до ден денеска нема во Македонија. Има правда само за тие коишто се во власта или коишто ќе се договорат со власта. Не бегам од тоа и стојам на тие вредности. Најголемата грешка во таа Шарена револуција е што буквално тие што беа репрезентите на истата, не зборувам за обичните луѓе коишто излегуваа на протести, всушност тие коишто добија можност да имплементираат власт ја убија надежта кај сите тие луѓе со коишто спиевме и по шатори и протестиравме, се боревме за правда, за казнивост за сите. Денеска тоа го немате, затоа што истите се трансформираа во потполно исто нешто, но на многу посифистициран начин, како што беше во периодот на Груевски. Но не сме сите исти “, потенцира Диитреивски.

„Сметам дека Македонија мора да се интегрира таму каде што и е местото, но дополнително да не се погази и потцени самата себе си, ниту пак македонскиот народ  да  дозволи во ниту еден момент да биде манипулиран, застрашуван, уценуван од било која страна, бидејќи нашата држава треба да си ја водиме самите. Ние сме зрела држава и треба да ја преземеме одговорноста сами  да ја водиме сопствената држава. Македонија има капацитет да биде самоодржлива држава  да ја направиме самоодржлива држава, да изгради професионална администрација и да даде нови перспективи на младите луѓе со ресурсите со кои располага. Едноставно нашата нација, нашиот народ сите етнички заедници заслужуваат да  се сплотиме“.

Одговарајќи на прашањето дали по изборите ќе го спасува СДСМ, Димитриевски рече:

„Не сме тука за да спасуваме било кого.Тоа што се случува таму не е СДСМ. СДСМ беше државотворна партија, сега сите нејзини членови се изневерени и оставени по страна“.

Димитревски потенцира дека ЗНАМ го трча сам овој круг, заедно со граѓаните и целта е да се проверат.

„Имаме можност да добиеме огромна подршка од граѓаните и верувам дека ќе успееме да се претставиме, иако тоа ќе биде скромно, немаме некој голем простор. Нам ни е битно да се дефинира националната платформа, а потоа и да се дефинира соживотот во суштина, бидејќи реално ние соживот  практикуваме само на хартија или само во институциите на системот. Надвор тој не функционира така како што е предвидено. Македонија мора да гради реално мултиетнчко, а не биетничко општество, како што некој се обидува тоа во континуитет да го наметне.  Ако сакате да носите одговорна функција во државата пред се треба да ја сакате таа држава и да ги почитувате нејзините државни симболи, обележја и закони. За мене не е никаков проблем да имам  и претседател на држава и на парламент, па и премиер  од друга етничка заедница која што не припаѓа на македонскиот народ. Но тој истиот мора да ги почитува државните симболи, државната химна, законите и уставотна Македонија.  Оваа држава почива на Устав и на закон. Оваа држава денеска е создадена на заложбата на нашите предци, првенствено ММаедонскиот народ,  а потоа придружувани од останатите етнички заедници се бореа и се изборија за македонска независна држава. Ние денеска ја имаме и гледаме како пред очи ни ја земаат, затоа што поединци се обидуваат да имплементираат  национални агенди. Ние мора тоа да го спречиме“, рече тој и додаде:

„Мора да се почитува законот. Овде е суштината што кај нас во државата законите се толкуваат  и по нив не се постапува. Значи имате селективна примена на правото, немате владеење на правото,  имате неказнивост и тоа мора да се корегира. Претстаделот  тука има голема надлежност“.

Во однос на измените на Уставот и францускиот предлог, Димитриевски посочи дека:

„Се манипулира со јавноста дека ако Македонија го промени Уставот ќе стане членка на Европскaта Унија. Тоа не е точно. Ништо не гарантира дека нема да има нови барања. Македонецот не смее да си дозволи само себе си да се негира и само себе да се поништи. Нашите пријатели од Европа и нашите стратешки пријатели треба да помогнат, но на крајот на денот овој проблем повтоно треба да се реши на релација Скопје – Софија со разговори“, констатира претседателот на Движењето ЗНАМ.

Слични содржини