Израелските сили убиле 29 Палестинци што чекале помош, Израел негира

„Додека ИДФ го анализираат инцидентот со темелноста што ја заслужува, ги повикуваме медиумите да го сторат истото и да се потпрат само на потврдените информации“, се вели во соопштението.

од Бети Божиноска
233 прегледи

Најмалку 29 Палестинци биле убиени додека чекале хуманитарна помош во два одвоени израелски напади во Појасот Газа во четвртокот, информираше рано утринава Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, пренесува „Ројтерс“.

Во првиот онцидент, Палестинци биле убиени во воздушен напад на центар за дистрибуција на помош вп кампот „Ал-Нусеират“ во централниот дел на Појасот Газа.

Подоцна, најмалку 21 Палестинец биле убиени, а 155 биле ранети во израелски оган додека ги чекале камионите со хуманитарна помош на кружиот тек „Кувајт“ во северна Газа, каде што ОН предупредија на ризик од глад. Видео-снимките до кои дошла „Ал-Џезира“ ги прикажува ранетите кои ги пренесуваат во болницата „Ал Шифа“.

Мохамед Гураб, директор на Службите за итни случаи во болницата во северна Газа, изјави дека имало „директни истрели од окупаторските сили“ врз луѓето кои се собрале на кружниот тек за да чекаат камион со храна.

Кружниот тек „Кувајт“ и претходно беше мета за напади врз Палестинците кои ќекаат во редици за хуманитарна помош.

Израелската армија денеска демантираше дека не отворила оган врз толпата која чекала хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа.

„Извештаите во медиумите дека израелските сили нападнале десетици жители на Газа на пункт за дистрибуција на помош се погрешни“, се вели во кусото соопштение на израелската војска, додавајќи дека „сериозно го анализира инцидентот“.

„Додека ИДФ го анализираат инцидентот со темелноста што ја заслужува, ги повикуваме медиумите да го сторат истото и да се потпрат само на потврдените информации“, се вели во соопштението.

Вчера се зголемија напорите да се добие поголема помош во опустошената палестинска територија, каде што борбите сè уште беснеат откако посредниците не успеаја да постигнат примирје пред муслиманскиот свет месец Рамазан, кој почна во понеделникот.

Слични содржини