📷Блејк Лајвли ја „трола“ Кејт Мидлтон и објави лошо фотошопирана фотографија

од Vladimir Zorba
653 прегледи

Блејк Лајвли се пошегува за ситуацијата на Кејт Мидлтон за да го промовира нејзиниот бренд за пијалоци „Бети Баз“.

Таа ја објави очигледно лошо фотошопираната фотографија и покрај неа напиша: „Многу возбудена што споделувам нова фотографија што штотуку ја направив денес за да ги објавам нашите четири нови пијалоци. Сега знаете зошто исчезнав“.

Да потсетиме, пред една недела на официјалниот профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беше објавена фотографија од принцезата од Велс со децата. Во описот на фотографијата стои дека оваа година е направена од нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. Но, следбениците забележале дека фотографијата е фотошопирана. Поради оваа конфузија, Инстаграм воведе предупредување за фотографии кои се уредени. Тие ставија натпис дека се работи за „изменета фотографија“.

На интернет кружат многу теории на заговор за тоа што всушност се случува со принцезата.

Слични содржини