Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека изборите за претседател на Русија не се легитимни, додавајќи дека тоа се „симулација на избори“.
„Рускиот диктатор симулира нови избори. На сите во светот му е јасно дека оваа личност, како што често се случувало низ историјата, едноставно ја сака моќта и прави се за да владее вечно“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека на Путин треба да му се суди во Хаг.