Ковачевски: Бизнис секторот може да издржи просечна плата од 1000 евра

од Nikola Popovski
341 прегледи

Бизнис секторот може да ја издржи просечната плата од 1000 евра. Денес во приватниот сектор, минималната плата е над нивото на законски определената. Ако ги погледнете огласите за работници, платите веќе се на повисоко ниво од 22.500 денари. Во времето кога јас со мојот тим работев на воведување на методологија на минималната плата, економистите на ВМРО-ДПМНЕ беа против и сметаа дека ќе пропаднела економијата. Се покажа дека не биле во право, вели екс-премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски за предизборното ветување – просечна плата од 1000 евра.

За мерката гарантирана цена која беше укината на почетокот на месецов, Ковачевски вели дека кога ги анализирате цените, мора да го земете целиот ланец во обзир.

-Инфлацијата ја намаливме на 3% кое што е историски најниско ниво од времето на пандемијата. Јас лично работев на Законот за спречување на нефер трговски практики. Со него се овозможува, секој да има фер дел во маржите на продажбата. Се случуваше несовесни трговци да го пренесуваат целиот притисок од ограничените цени на производителите. Законот ќе донесе ред во маржите. Точно ги дефинира активностите и мерките кои не можат да се прават во малопродажбата. ДПИ одлично ја изврши својата работа. Нема да дозволиме на грбот на граѓаните, некој да прави нефер профити. Ова во иднина ќе обезбеди стабилност во формирањето на цените во државата, рече меѓу другото, претседателот на СДСМ во емисијата на „Слободен печат“.

Слични содржини