Продажните понуди од типот „1+1 бесплатно“ не се многу чести во светот на автомобилите, особено кога се во прашање скапите луксузни модели. Еден таков моментално е активен, а се однесува на Bugatti и Rolls-Royce.
Необична реклама од автосалон на Флорида крена голема прашина во последните денови. House of Naples Motorsports, специјализирана за продажба на нови и користени егзотични и луксузни возила, објави необична продажна понуда, од категоријата „купи 1, добиј 2“. Тоа не би било ништо необично, да не беа навистина луксузни автомобили, кои огромното мнозинство луѓе не можат ниту да сонуваат да си ги дозволат, според Autonet.
Генијалните пазарџии ја смислија оваа промоција: кој ќе купи Bugatti Chiron од 2021 година, ќе добие Rolls Royce Wraith од 2018 година бесплатно. Chiron доаѓа во комбинација на трула вишна/бела боја, има поминато само околу 3.000 километри, а како и секое Bugatti, изработен е по нарачка во истите бои на ентериерот, со спортски ватирани седишта, волан од карбонски влакна и бројни детали во истата црвена нијанса.
Rolls-Royce Wraith доаѓа во слична комбинација на бои (сребрена и „боемска“ црвена), моторот е 6,6-литарски V12, а од опремата, би рекле, „не фали ништо“ – од осветлен покрив на кабината, преку системот за помош на возачот, до вентилирани седишта, модерна инфозабава и слично.
Понудата на продавачот е едноставна: Донесете 3,85 милиони долари за Bugatti и добивате Rolls-Royce бесплатно. Ако сакате да го купите само него, ќе ве чини 240.000 долари.