На Арсенал му оди одлично оваа сезона и освен што се бори за титулата во Премиер лигата, успеа да се пласира и во четврт-финалето од Лигата на шампионите каде за противник ќе го има Баерн.
Навивачите на Арсенал се надеваат дека нивниот тим ќе успее да ја освои првата титула во Премиер лигата во последните две децении. Пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите им е прво по 14 години.
Иако им оди добро оваа сезона и се борат на два фронта, челниците на клубот веќе почнаа да се подготвуваат за летото што им претстои за да можат одлично да одговорат на пазарот.
Јасно е дека ќе има засилувања за тимот на Арсенал, но секако само одобрени од Микел Артета, но ќе има и заминувања од Емирати.
Па така се очекува од следното лето дел од клубот да ги нема Арон Рамсдејл, Киеран Тиерни, Нуно Таварес, Самби Локонга, Емил Смит Роу, Реис Нелсон и Еди Нкетиа.
Во очекување на каква било потврда за горенаведените играчи, Фабрицио Романо го потврди првото заминување од Арсенал, а тоа е Седрик Соареш.
„Седрик Соареш ќе го напушти Арсенал како слободен играч на крајот од сезоната. Одлуката е донесена. Португалецот ќе биде целосно посветен на Арсенал до крајот на сезоната да „зачекори“ онаму каде што е потребно, а неколку клубови веќе го разгледуваат како опција на лето“, напиша Романо.