Рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 во македонската економија

од Nikola Popovski
207 прегледи

Рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија, објави екс-директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија, Љупчо Јаневски.

Според него, во 2017 година нашата економија започнала од 327,05 милиони долари, за да дојде до денешната цифра, со што, како што истакнува, се реализираа сите повлечени стратешки потези во времето на пандемијата со коронавирус и во изминатите шест години.

Јаневски упати благодарност сите туристички работници кои веруваа во визијата.

-Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво, истакна поранешниот директор на АППТ.

Слични содржини