Џафери со претставниците на ДИК: Обезбедувањето фер и демократски избори е обврска

од Nikola Popovski
207 прегледи

Техничкиот премиер на Владата, Таlат Џафери, денеска ги прими претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски и членовите на Комисијата, со кои разговараше за претстојните избори. Џафери истакна дека обезбедувањето фер и демократски избори е мандат на оваа Влада, но и обврска на ДИК.

Тој нагласи дека обезбедувањето избори не значи само обезбедување на законски прописи и минимални стандарди, туку и меѓусебна соработка со цел предвидување на потенцијалните кризи и предлагање сценарија и решенија кои ќе бидат водилка за решавање на тие кризи.

„Ова е важно и бидејќи, покрај другите обврски, двете институции имаат и обврска да го заштитат угледот на институциите и да ја зајакнат довербата на граѓаните во самиот изборен процес. Тоа ќе се постигне само доколку со актите се потврди дека сите преземени се соодветни мерки за нивна заштита и овозможување остварување на нивното право“, рече Џафери.

Претседателот на ДИК, Даштевски го поздрави предлогот на премиерот Џафери за координација, бидејќи, како што порача, ДИК како орган е одговорна за успешно спроведување на изборите и истакна дека е важно да бидат непристрасни, одговорни и професионални во работата. но дека за ова им е потребна и поддршка и од другите институции.

Слични содржини