Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави денеска дека во Брисел на Европскиот совет ќе гласа за отворање на преговорите за членство на БиХ во Европската унија и посочи дека за тоа би бил и премиерот Андреја Пленковиќ, пренесува „Дневни аваз“.
Тој, сепак, е на мислење дека овие преговори за влез на БиХ во ЕУ ќе траат долго, како што вели, „500 години и подолго отколку што беа под Турците“.
Милановиќ додаде дека ако е тој на местото на Пленковиќ, тој ќе побарал – а премиерот не побарал „бидејќи ќе требало малку да им се замери и повеќе нема да има можност“ – да им се гарантира на Хрватите во Босна и Херцеговина право да бираат свој член на Претседателството.
„Треба да се бориме за она што им е украдено, она што им припаѓа според Дејтон, што Пленковиќ не се осмели да го направи, а јас веднаш ќе го сторам тоа“, тврди Милановиќ.