Главната уредничка на „Спутник“ и „РТ“ тврди: Напаѓачите не се од ИСИС, тоа се Украинци

од Vladimir Zorba
765 прегледи

Главната уредничка на Спутник и телевизијата РТ, Маргарита Симонјан изјави дека руските власти веќе утврдиле кој учествувал во терористичкиот напад во Москва, но нивните имиња не се објавуваат за да не се влијае на истрагата.

Таа рече и дека лицата кои учествувале во нападот воопшто не биле членови на терористичката организација ДАЕШ, туку дека се Украинци.

– Не се работи за ИСИС. Тоа се Украинци. И тоа што и вчера, пред да бидат уапсени овие луѓе, западните служби тврдеа дека напаѓачите се од ИСИС, тоа ги издаде – рече Симонјан.

Според неа, сега станало јасно зошто американските медиуми вчера едногласно објавиле дека ИСИС е организатор на нападот.

– Затоа што не е ИСИС. Овие личности се избрани за да се убеди светската глупава јавност дека тоа е ИСИС – заклучи Симонјан.

Инаку еден од осомничените лица, наводно, по неговото апсење признал дека учествувал во терористичкиот напад на концертната сала во кој загинаа најмалку 115 луѓе, а над 100 беа повредени.

На видеото се гледа како човекот се тресе додека зборува за тоа што го направил.

Како што рече, тој пристигнал од Турција на 4 март и му наредиле да ги убие сите присутни на концертот, а за тоа ќе добие 500.000 евра.

Слични содржини