Лидерите на најголемите политички партии во Македонија не го осудија масакрот во Русија

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Лидерите на двете најголеми политички партии, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски не го осудија нападот во „Крокус сити хол“ во Москва, во кој загинаа 133 лица, а над 150 се повредени.

Од друга страна, кандидатите за претседател, Стево Пендаровски, и Гордана Силјановска Давкова го осудија страшниот терористички акт на невини лица, кои присуствуваа на концерт на групата „Пикник.“, а за кој одговорност презема ИСИС.

Настанот наиде на осуда и од страна на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и од раководството на партијата Левица.

Останува прашањето зошто Мицкоски и Ковачевски не се огласија за терористичкиот акт, кога пораки на сочуство упатија дури и нашите најголеми западни партнери, САД и Германија?

Слични содржини