Здружението на приватни матични лекари бара нови закони кои што би значеле поголема заштита на лекарскиот кадар, по убиството на нивниот колега лекар Ацо Трпковски кој беше пронајден мртов со убодни рабни на паркингот пред поликлиниката „Железара“ во Скопје. Исто така побараа поригорозни казни за сторителите.
-Очекуваме од органите од прогонот да ни кажат што се случува. Се чувствуваме небезбедни…Сите имаме пациенти кои што се психички нестабилни, пациенти кои се зависници, биполарни растројства. Сакаме безбеден простор и регион за да работиме, кажа претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова. Вели дека ваков чин на насилство не смее да се повтори и апелира да се заштити секој здравствен работник, без разлика дали станува збор за медицинска сестра или хирург.
Според неа, пациентите имаат разбирање за денешниот протест на матичните лекари кои не работат од 12 до 16 часот, во знак на револт.