🎥 Се појави снимка – Алвеш излезе од затвор во Шпанија

од Симе Стоиков
279 прегледи

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, осуден на четири и пол години затвор за силување во февруари, плати милион евра отштета и го напушти затворот.

Како што пишува Marca, судот во Барселона се согласил на негово привремено ослободување и Бразилецот денеска го напуштил затворот Брајанс 2.

Се уште не е познато од каде Алвеш ги добил парите, бидејќи семејството на Нејмар одбило да му помогне, иако претходно се тврдеше дека парите ги дал токму Нејмар на својот поранешен соиграч од Барселона.

За потсетување, Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за сексуален напад во Барселона на 30 декември 2022 година.

Слични содржини