Соседна Србија се крена на нозе откако е пријаводено дека двегодишното девојче Данка Драгомировиќ исчезна денеска во Бањско поле во Бор.
Како што изјави нејзината мајка за „Телеграф.рс“, девојчето исчезнало во моментот кога таа му давала вода на друго дете.
„Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше Данка“, раскажува преплашената мајка.
Според зборовите на мајката, во моментот кога исчезнала, Данка носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, и била со врзана коса.
Мајката вели дека на местото на настанот се собрале многу сограѓани, но и полицајци и пожарникари.
На терен се над 300 луѓе, припадници на Полициската управа во Бор, Бригадата за противпожарна и спасување, на доброволната противпожарна единица, планинари, мештани и граѓани на Бор.