Ливерпул е загрижен поради повредата на дефанзивецот Ендрју Робертсон, кој си замина синоќа во првото полувреме од пресметката на Шкотска со Северна Ирска.
Репрезентативецот го повреди зглобот по влезот на Треј Хјум и мораше да излезе предвреме, при што се уште не е јасно дали проблемот е посериозен или не.
Претходно во сезоната, Робертсон беше надвор од терените неколку месеци поради повреда на рамото, а сега неговото потенцијално отсуство ќе биде уште пострашно, бидејќи „црвените“ ги очекуваат многу важни натпревари во трката за титулата.
„Тој ќе си оди дома во својот клуб каде што ќе биде тестиран и се надевам дека не е ништо сериозно“, рече селекторот на Шкотска, Стив Кларк.
Робертсон секако изгледаше многу разочаран по неговото заминување, со тоа што за натпреварот со Брајтон викендов засега е барем под знак прашалник.
На средбата следната недела има пресметка со Шефилд Јунајтед, а на крајот е уште едно дерби против Манчестер Јунајтед.