Ако оваа репрезентативна пауза донесе нешто добро, тоа е потврдата дека младиот Ендрик е навистина идна суперѕвезда. Како за Бразил, така и за светскиот фудбал.
Англија и Бразил играа на „Вембли“ во саботата. Бразилците славеа, а Ендрик го постигна единствениот гол. Тој ден имаше 17 години и 246 дена и со тоа стана најмладиот стрелец на култниот стадион.
Секогаш скржави со пофалби за оние кои не се нивни, англиските медиуми во сабота и недела пишуваа пофалби за младиот Бразилец.
„Еден ден овие 90.000 луѓе кои беа на „Вембли“ денес ќе можат да кажат дека биле таму. Не само затоа што гледаа одличен натпревар, туку затоа што видоа како Ендрик го постигна првиот гол за Бразил“.
Ниту тој не им остана должен: „Играв на стадионот на кој играше Боби Чарлтон. Дадов гол на денот на дебито на Роналдо за Бразил. Нема да лажам, само размислував колку сакам да постигнам гол овде“, изјави тинејџерот.
Тоа му беше само трет натпревар во сениорската репрезентација. На дебито против Колумбија одигра осум минути. Па 18 против Аргентина, а на мечот со Англија влезе во игра во 72. минута и одигра 20 минути. Со гол.
Стана и најмладиот стрелец во Бразил по Роналдо, кој го постигна својот прв гол за репрезентацијата на 17 години и 224 дена. И тоа на 30-годишнината од дебито на Роналдо за Бразил.
А потоа три дена подоцна дојде на „Сантијаго Бернабеу“ и – повторно постигна гол.
И во ремито на Бразил со Шпанија (3:3), тој постигна гол веднаш по влегувањето во игра.
И тоа на стадионот каде што ќе игра кога ќе наполни 18 години, бидејќи неговиот трансфер во Реал е веќе договорен. Се чинеше тогаш, а уште повеќе сега, дека 45-те милиони што Реал ќе ги плати за неговиот потпис се „ситна пара“.
По натпреварот, претседателот на Реал Флорентино Перез се појави во соблекувалната на Бразил само за да го прегрне Ендрик и да му каже:
„Сите тука те чекаме“.
⚪️🇧🇷 “We are all waiting for you here”, Real Madrid president Florentino Pérez tells Endrick after the game.
…and then he gets Rodrygo’s shirt. 👕 pic.twitter.com/RaM7W8GYxz
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 26, 2024
Па, сите веќе го дочекавме, може да се каже.