Кулеба: С. Македонија е добар пријател на Украина, многу ни помогна

од Nikola Popovski
854 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба порачал дека Македонија е добар пријател на Украина и направила многу за да ѝ помогне на неговата земја. Како што објави ВОА, Кулеба ова го кажал како одговор на новинарско прашање на онлајн брифинг со странски медиуми.

„Во последните три години направивте многу. Споредено со вашите можности, вие навистина направивте многу за да ни помогнете, исто како што ние ви помагавме во 90-тите“, рекол шефот на украинската дипломатија.

Кулеба истакнал дека анкетите во различни западни земји покажуваат дека луѓето ја поддржуваат украинската влада, но дека во следните недели и месеци сигурно ќе има зголемување на руската пропаганда.

Според неговите зборови, Русија ќе се обиде да ја обвини Украина за злосторства со цел да ја дискредитира и да ја намали поддршката што ја ужива.

„Затоа, мора да останеме будни, мора да се спротивставиме. Најсвеж пример е, се разбира, обидот на Русија да ја вмеша Украина или да ја обвини Украина дека е вмешана во пукањето на концертната сала во Москва. Овие изјави се лажни и апсурдни. Ние не се бориме така за себе. Злосторствата против цивилите се руска практика, како што видовме во последните неколку години на руска агресија врз Украина, но, да, тие ќе се обидат да направат се за да ја дискредитираат Украина“, изјавил Кулеба.

Слични содржини