„Ел Чирингито“: Барселона е следна дестинација за Ерлинг Халанд

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Барселона ќе направи сензационален трансфер и по година и пол ќе го доведе најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Ова го тврди новинарот Жорди Жота од „Ел Чирингито“.

Тој тврди дека во клубот се оптимисти дека може да се реализира таков трансфер.

Халанд има договор со „граѓаните“ до летото 2027 година. Сепак, во него има откупна клаузула, која станува валидна од ова лето. Се вели дека вреди 200 милиони евра.

Не е јасно како точно можат „блаугранас“ да го платат со оглед на нивната тешка финансиска состојба.

Барселона беше заинтересирана и за норвешкиот стрелец во летото 2022 година. Тогаш раководството на Каталонците се сретна со неговиот татко и неговиот агент. На крајот, Халанд ја избра понудата на Манчестер Сити.

Досега за „граѓаните“ одигра 87 натпревари на кои постигна 81 гол.

Слични содржини