135
Црната кампања е карактерна особина на Владата. Очекуваме дека таа кампања ќе престане. Нашата цел е да водиме позитивна кампања, а не со измислици и клевети, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Гевгелија.
Мицкоски посочи дека како партија сакаат да зборуваат за проекти и решенија за граѓаните, а не да се оптоваруваат „кој колку бил лош бидејќи сите знаат дека сме немале полоша Влада од онаа на СДСМ и ДУИ, од осамостојувањето“.
Во однос на листите на пратеници и носителите, Мицкоски информира дека денеска партиските тела ќе ги презентираат листите и очекуваат дебата по истите. Според него, раководните тела треба да ги одобрат предлозите.