Силни земјотреси во Јужна Грција, 5,7 и 5,2 степени

ЕМСЦ соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,7 степени бил на длабочина од 17 километри, 122 километри југозападно од градот Патра, во северниот дел на Пелопонез.

од Бети Божиноска
221 прегледи

Земјотреси со јачина од 5,7 и 5,2 степени според Рихтеровата скала утринава ја погодија јужна Грција во Јонското Море, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

ЕМСЦ соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,7 степени бил на длабочина од 17 километри, 122 километри југозападно од градот Патра, во северниот дел на Пелопонез.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,2 степени бил на длабочина од 16 километри, на 124 километри југозападно од Патра.

Слични содржини