Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман повторно се смета за сериозна опција за нов тренер на Баерн Минхен на лето, пишува „Билд“, како и новинарот Флоријан Плетенберг.
Како што е познато, актуелниот тренер на Баварците, Томас Тухел, кој го замени Нагелсман во март 2023 година, ќе си замине на крајот на сезоната. Баерн за нов тренер најмногу го сакаше тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, но Шпанецот вчера најави дека ќе остане со „аспирините“.
Имајќи го предвид овој развој на настаните, Нагелсман повторно се гледа како сериозна опција за Баерн. Тој има договор со Германија само до крајот на јули, а очекувањата се локалната федерација да направи се за да му го продолжи договорот.
Новиот спортски директор на Баерн, Макс Еберлe веќе одржа неколку разговори со таборот на Нагелсман за можното враќање во клубот. Самиот сtru;wak е отворен за оваа идеја.
Досега се сметаше дека ваквото сценарио раководните лица во баварскиот гигант го сметаа за неверојатно. Со одбивањето на Чаби Алонсо, сепак, веќе се случи пресврт. Нагелсман сака да донесе одлука за својата иднина пред почетокот на Евро 2024 година, што се вклопува во распоредот на Баерн бидејќи клубот сака што поскоро да објави нов тренер. Според сите сметки, се чини дека интересите на Баварците може да дојдат во судир со оние на Германскиот фудбалски сојуз.
Други имиња кои се шпекулираат за наследник на Томас Тухел се менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби и тренерот на Австрија – Ралф Рангник.