Спасовски: Посебен испит за новите раководни структури во МВР за поголема професионализација

од Nikola Popovski
254 прегледи

„Поголема професионализација на кадарот во МВР, особено раководниот кадар ќе обезбедиме преку полагање на посебен испит за новите раководни структури“ рече носителот на листата во ИЕ2, Оливер Спасовски на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека исто така ќе се изменува и прекршокот за нарушување на мирот на граѓантие од бука, гласна музика и други активности, со цел да се спречи праксата на неевање спокој на граѓаните во текот на целиот ден.

„По примерот на ЕУ, со конфискација на имот ќе пратиме порака дека криминалот не е исплатлив. Ќе иницираме постапка за укинување, односно заострување на економските критериуми за прием во македонското државјанство“ рече Спассовски.

Тој додаде дека во наредните четири години ќе продолжи создавањето на модерна полициска професија – европски полицаец-ваш пријател.

Слични содржини