Османи на министерски состанок на НАТО во Брисел

од Nikola Popovski
115 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска патува за Брисел каде ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.