Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски е убеден дека „Коалицијата за европска иднина“ ќе има мнозинство во Собранието и повторно ќе ја формираме проевропската Влада на Македонија, а Стево Пендаровски ќе биде избран за Претседател на Македонија. Тој ова го изјави во синоќешниот тв дуел со неговиот директен противник и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ковачевски порача дека не отстапува од европската иднина на Македонија, бидејќи, како што вели, токму тоа е она што е најважно за државата.
Во однос на економските теми, екс-премиерот се осврна и на зголемувањето на платите и пензиите.
-Кај платите минималната плата е неколкукратно зголемена во мојот мандат во однос на 2016 година. Мене не ми требаат табели, во тоа време требало четири минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка. Денес, првпат една просечна и една минимална плата покриваат потрошувачка кошничка. Зошто? Бидејќи ние имаме највисоко историско ниво на просечна плата од 40.000 денари, рече Ковачевски.
Тој направи „пресметка со бурек економија“.
-Во 2016 година со минимална плата можеле да се купат 220 четвртини бурек, сега со минимална плата можат да се купат 320 четвртини бурек. Во 2016 година со минимална плата можеле да се купат 220 четвртини бурек, сега со минимална плата можат да се купат 320 четвртини бурек. Така што, кога зборуваме за економските бројки и за задолжувањето, ние во мандатот во најголема криза вративме 1,3 милијарда евра еврообврзници земени во 14-та, 15-та и 16-та. Знаете за што беа искористени тие? За Скопје 2014! Знаете каков економски раст предизвика, кажа меѓу другото претендентот за уште еден мандат во Владата.