Фатен затвореник кој избегал од Идризово и ја нападнал сопругата

од Nikola Popovski
207 прегледи

На 03.04.2024 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Х.Б.(48) од Велес, кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата.

Имено, околу 19.30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини