Kандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, кој бара втор мандат од граѓаните, попладнево го промовираше изборниот штаб во Скопје. Тој пред присутните медиуми истакна дека очекува во првиот круг, со оглед дека има многу кандидати како никогаш досега во македонската историја, гласовите да се поделат на повеќе страни и никој не би можел да победи, но во вториот круг, вели дека ќе ги добие изборите.
-Очекувам да имам средби со илјадници граѓани и да им претставам што е мојата понуда за следните пет години. Некој ќе рече дека можеби преголемо претставување од моја страна не е потребно бидејќи зад себе имам петгодишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што сум се залагал, за што сум бил против, што сум поддржувал и отприлика знаат кој политички профил може да го очекуваат и во наредните пет години, ако ми ја дадат довербата, кажа претседателот.
Изборниот караван на Пендаровски ќе започне со централен митинг во Прилеп, а претходно ќе ги посети општините Кривогаштани и Крушево.