Партиципативен пристап кон управување со државата и активна улога на граѓаните при обликување на нивната иднина ветува новата партија на Ромите во Северна Македонија – Аваја. Според нејзиниот претседател, Акиф Кариман „преку инклузивни процеси на донесување одлуки и транспарентни комуникациски канали, обезбедуваме гласовите на сите засегнати страни да бидат слушнати и вреднувани. Нашата партија се издвојува како вистински избор поради неколку причини, втемелени во нашата посветеност за интегритет, стручност и колективно зајакнување”, рече Кариман на првата конференција за печатот.
Тој претстави сеопфатна програма која, за разлика од другите партии кои нудат индивидуални решенија или нејасни ветувања, е и добро осмислена. Како партија имаат детален план за напредок кој се однесува на целиот опсег на општествени предизвици, од социјална нееднаквост до зачленување во ЕУ.
„Нашите политики не се засноваат на идеологија или политичка нецелисходност, туку на истражувања и докази. Се потпираме на увиди и стручни анализи засновани на податоци за да го информираме донесувањето одлуки, осигурувајќи дека нашите решенија се ефективни, ефикасни и одржливи. Во политички пејзаж нарушен со поделеност и поларизација, нашата партија нуди визија за единство и соработка. Веруваме во зближување на луѓето, надминување на партиските поделби и изнаоѓање заеднички јазик во потрага по заедничкото добро. Во свет оптоварен со предизвици и неизвесност, нашата партија претставува светилник на надеж. Имаме само еден пат: пат кон прогрес – воден од интегритет, знаење и колективно зајакнување. Влеваме оптимизам и доверба во иднината, потсетувајќи ги луѓето дека позитивните промени не само што се можни, туку и на дофат”, заврши Кариман.
Ќемал Сулејманов, претставник на кандидатите за пратеници, рече дека Аваја има вкупно 80 кандидати во 4 изборни единици (3, 4, 5 и 6-та) со тоа што се вложува и има потенцијал во новиот состав на парламентот да има пратеници Роми од редовите на новата политичка партија.
„Ќе бидеме првата ромска партија кој успеала самостојно да учествува на парламентарни избори и ако изборите се фер, ќе победиме. Доколку не се фер, очекуваме да продолжи нестабилноста во државата и резултатите нема да ја отсликаат вистинската волја на народот. Како идни пратеници ќе се фокусираме на поставување на основите за социјална правда со зајакнување на пристапот до правдата и зајакнување на правната заштита за сите граѓани. Мора да промовираме заеднички пристап до правдата и правната заштита за да создадеме порамноправно општество”, рече Сулејманов.
Аваја ќе се фокусира на граѓанското учество и заштита на политичките слободи за зајакнување и активно вклучување на граѓаните од сите позадини и ќе осигураме дека нивните гласови се слушат инивните потреби се решават.
Според генералниот секретар, Елвис Мемети, Аваја на овие избори моќта ќе ја пренесе кај народот. “Како што може да видиме на предложените изборни листи од „небо” се гледа дека не е одразен, ниту е преставен потенцијалот на ромските гласачи. За нас тоа е криза во претставничката демократија и ДОСТА Е. Ние сакаме да го видиме ромскиот народ СЕГА на овие избори како рамноправен и слободен народ кој избира свои претставници во парламентот, наместо да чека и да се надева на некој идни индивидуални – повластени позиции. Немаме друг избор, освен да ја создадеме, историјата, бидејќи овде не се работи за Аваја или за овој или оној него тука преку еден, преку двајца или 4 ромски пратеници – се работи за сите. Нашата цел е да ги освојиме симпатиите на народот и да ја дефинираме нашата ПОБЕДА”, порача Мемети.
Активностите на Аваја ќе бидат посветени и фокусирани кон народот, кон заедницата, кон истомислениците, симпатизерите, пријателите, поддржувачите, членови и кон критичната маса од народот преку организација на митинзи во сите 4 изборни единици, локални настани и заеднички средби, работа на терен „Врата до врата” концетрирани во претежно 26 маала – локации од 4 изборни единици каде што живее заедницата и ќе наблудувачи за изборите.