Многу општини во Германија очајно бараат згрижувачки семејства за деца. „Потребата од соодветни семејства кои можат привремено или трајно да згрижат дете очигледно се зголемува“, рече претседателката на Сојузното здружение на згрижувачки и посвоители Улрике Шулц, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Годишно недостасуваат околу 4.000 згрижувачки семејства. Асоцијацијата на германски окрузи, исто така, пријави недостиг.
Семејните околности се се потешки, се зголемува бројот на случаи во прифатилиштата, изјави портпаролот на здружението.
Причината е што становите се се поскапи во големите, густо населени урбани средини, каде што е голема и потребата од згрижувачки семејства, изјави Улрике Шулц.
Здружението бара и паричен надоместок за згрижувачките родители, покрај надоместок за нега. Според податоците на Федералното биро за статистика, во 2022 година 86.000 млади луѓе живееле во згрижувачки семејства.