Анчелоти прeд Сити: Неверојатно атрактивен натпревар

од Симе Стоиков
195 прегледи

Фудбалерите на Реал Мадрид во вторник ќе го пречекаат актуелниот европски шампион, тимот на Манчестер Сити, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој утре ќе го започне својот рекорден 200. натпревар во Лигата на шампионите, имаше цели осум дена да го подготви тимот трета година по ред да се соочи со Манчестер Сити на Пеп Гвардиола во нокаут фазата од најважното европско натпреварување.

Сити, пак, во саботата играше против Кристал Палас, па Гвардиола не е задоволен од времето што останува да се подготви за натпреварот.

Последниот натпревар Реал во шпанската лига го одигра на 31 март против Атлетик Билбао, а претходниот викенд беше слободен, бидејќи тој викенд беше резервиран за финалето на Купот на кралот.

“Ова е неверојатно атрактивен натпревар. Квалитетот на двата тима ќе ни овозможи да гледаме добар натпревар. Мислиме дека ќе бидеме подобри од Сити во некои аспекти, а тие мислат дека ќе бидат подобри од нас во други. По 180 минути ќе види кој бил подобар“ рече Анчелоти.

Слични содржини