Претседателот Стево Пендаровски денеска примил делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.
Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочил дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.
На средбата соговорниците размениле мислења и за севкупната соработка на Северна Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, станало збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.
Претставниците на организацијата го запознале претседателот Пендаровски со текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.