Пендаровски: Во следниот мандат ќе се заложам Универзална сала да се обнови во најкус рок

од Nikola Popovski
177 прегледи

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски изразува жалење за денешниот пожар што ја зафати Универзална сала во Скопје и повикува на брза реакција на надлежните институции.

Според него, мора да се спроведе соодветна истрага, да се лоцираат и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на овој значен објект.

-Кандидатот Пендаровски во следниот мандат ќе се заложи во најкус можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје, објект врежан во колективната меморија на десетици генерации скопјани, велат од изборниот штаб на претседателот и кандидат за нов мандат.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што денеска избувна во Универзална сала, изјави дека денешниот инцидент нема да нè премисли да се откажеме, она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала.

-Ова е голем шок за скопјани, но и за сите македонски граѓани. Веднаш интервенирале пожарникарите и како што може да се види, пожарот е ставен под контрола, изјави Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека е најважно што нема жртви и нема повредени.

Костадиновска-Стојчевска, по информациите дека изгорел внатрешниот дел од салата, изрази очекување многу брзо да бидат достапни првични информации во врска со утврдување на причините за пожарот, обемот на штетата и евентуалната одговорност.

-Апелирам до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите колку што е можно поскоро, изјави министерката за култура, која потврди дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена, а салата е осигурана.

Слични содржини