Османи за старите пасоши: Проблемот е што МВР го има сменето законот и ги декларира за неважечки

од Nikola Popovski
677 прегледи

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи категорично негира дека дека наводно скрил важен документ од ЕК потпишан од 25 нивни членки, според кој македонските пасоши со старото уставно измени се признаваат до септември 2024 година. Според него, тоа се лажни вести од опозицијата.

-Создале фабрика за пропаганда и лажни вести. Во однос на пасошите, не се проблем европските земји, проблем е што МВР го има сменето законот и ги декларира нашите пасоши за неважечки. Граѓаните не можат да ја напуштат нашата граница. За враќање, ги имаме направено сите мерки, никој да нема пречка за враќање. Досега не сум слушнал некој граѓанин да не се врати во земјата бидејќи не можел да помине низ земји-членки на ЕУ. МВР треба да каже зошто уште е спор процесот на издавање пасоши, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателскиот кандидат бара способност и капацитет, а не политиканство.

-Не удирање во гради дека нема да го користам новото име на државата, а сите формулари за пратенички листи ги имаат потпишано со Северна Македонија. Зошто ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните? Потпишале се со Северна Македонија, а даваат изјави нема да го користиме новото име, порача Османи.

Дел од опозициските партии и политичари денес објавија фотографија од допис од 23 февруари, годинава, од италијанското МВР каде стои дека по препорака на Европската комисија, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

Слични содржини