Орбан за Пактот за миграција: „Уште еден клинец во ковчегот на ЕУ“

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи на социјалната платформа Х откако пратениците во Европскиот парламент на вчерашната пленарна седница во Брисел гласаа за нов пакт за миграција и азил.

„Пактот за миграција е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија. Единството е мртво, веќе нема безбедни граници. Унгарија никогаш нема да попушти пред масовното миграциско лудило! Ни требаат промени во Брисел за да ја запреме миграцијата“, рече Орбан.

Пактот за миграција е пакет регулативи кој се состои од вкупно десет законски акти. За екстремната десница тој не е доволно рестриктивен, а за мнозинството претставници на Зелените и на екстремната левица пакетот е престрог и сметаат дека ги крши правата на мигрантите.

Договорот предвидува земјите на првиот влез на мигрантите на територијата на ЕУ да спроведат построга процедура за азил на надворешните граници на Унијата и да имаат повеќе овластувања да ги враќаат барателите на азил кои имаат мали шанси да добијат меѓународна заштита.

Слични содржини