Трите најчести индикатори дека ви недостасува железо во крвта, според диететичар

од Vladimir Zorba
477 прегледи

БЕЗ АДЕКВАТНА количина на железо, телото не може да произведе доволно здрави крвни зрнца, што доведува до медицинска состојба позната како анемија.

Недостатокот на железо може да се препознае по различни симптоми, а диететичарката Лорен Манакер ги издвои трите најчести симптоми кои ги доживуваат многу луѓе.

Цело време сте уморни

Еден од знаците на недостаток на железо е исцрпеноста и честиот замор. Овој симптом се јавува затоа што телото се потпира на железо за да го произведе хемоглобинот, протеинот во црвените крвни зрнца кој им овозможува да носат кислород низ телото. Кога нивото на железо е ниско, телото вложува дополнителен напор да достави доволно кислород до ткивата и органите, што доведува до чувство на исцрпеност.

Често ви е ладно

Друг показател за недостаток на железо е зголемената чувствителност на ниски температури. Луѓето со недоволно ниво на железо може да имаат ладни раце и нозе и често чувствуваат дека им е ладно, дури и во релативно топли средини. Чувството на студ е предизвикано и од недостаток на хемоглобин, кој е пресуден за транспортот на кислородот во телото и влијае на регулирање на внатрешната температура.

Лошо спиење

Соодветното ниво на железо во телото помага во производството на серотонин и допамин, невротрансмитери неопходни за регулирање на циклусот на спиење. Недостатокот на железо може да биде поврзан со послаб квалитет на сон, нарушување на дишењето со спиење и други фактори поврзани со спиењето, известува Eat This, Not That.

Слични содржини