Потер разговарал со Ретклиф, Тен Хаг знае што го очекува

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг веќе е свесен дека ќе добие отказ на крајот од сезоната.

Според „Сан“, неколку играчи на „црвените ѓаволи“ потврдиле дека забележале промена во однесувањето на Холанѓанецот во последните недели, што е показател дека тој се помирил со својата судбина.

И покрај резултатите што ги постигна тимот на дербито со Ливерпул, Јунајтед има само една победа во последните шест првенствени натпревари и тимот заостанува 11 бода зад четвртото и петтото место, па пласманот во Лигата на шампионите во моментов изгледа практично невозможен.

Минатиот петок, Тен Хаг уверуваше на прес-конференција дека нема сомнеж дека ќе остане и следната сезона, но промената во неговото расположение сугерирало поинаку. Новиот косопственик Сер Џим Ретклиф се воздржува јавно да ја изрази својата поддршка за Холанѓанецот, што е исто така јасен знак за неговата иднина.

Според таблоидот, поранешниот менаџер на Челси, Греам Потер веќе одржал состанок со британскиот милијардер и е подготвен да ги преземе „црвените ѓаволи“. Токму поради оваа причина Потер минатата недела ја одби понудата да застане на чело на Ајакс.

Слични содржини