Мицкоски против идејата на Османи: „Како министер ја испушти можноста за консензус за уставните измени“

од Nikola Popovski
297 прегледи

Бујар Османи за таков консензус за уставните измени ја испушти можноста кога ние како партија имавме прес-конференција и се понудивме да бидеме дел од процесот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Доколку тој навистина сакаше политички консензус, додава Мицкоски, имаше таква можност како министер, но се однесуваше неодговорно и авантуристички и направи историска грешка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Османи направи грешка што дозволил работата на Историската комисија да биде критериум за напредок на Македонија до полноправно членство во ЕУ.

Ваквиот став следува откако Османи нагласи дека првата работа што ќе ја направи, доколку стане еф на државата, е на еден состанок да ги собере сите лидери на политичките партии и чинители од кој, како што рече, нема да излезат без подадена рака дека по однос на Европската Унија да не има разлики.

-Првата работа што ќе ја направам како претседател на државата, е да ги затворам во резиденција на претседателот сите лидери на политичките партии и чинители на состанок кој што ќе трае со денови и недели, ако треба и со месеци, но не излегуваме без подадена рака дека по однос на Европската Унија нема да имаме разлики. По однос на оваа историска шанса да станеме членка на ЕУ нема да имаме различности. Ќе се натпреваруваме за сите теми, но не за Европската Унија. И ако тоа значи да се здружиме сите во една влада само да успее приказната, бидејќи знаејќи ги информациите и околностите, знам дека ако ја пропуштаме оваа можност ние пропуштаме уште 20 години во која ќе изгубиме една цела генерација. Не е патриотизам да го кочите европскиот процес. Со секој ден одложен европски процес, една група Македонци добиваат бугарски пасош и заминуваат во Европа. Една група Албанци, Роми, се качуваат во автобуси и заминуваат во Европа. Нема да можеме да ги вратиме тие луѓе, а се плашам дека 20 години луѓето некако издржаа со прашањето на името, дека ако повторно ни се најави 10-годишна, 20-годишна изолација тогаш ние ја губиме и надежта. А надежта е таа што последна умира. Црна и бела е опцијата, трета опција нема на овие избори. Тоа се европскиот фронт и националистичкиот фронт, порача претседателскиот кандидат.

Слични содржини