Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, вети дека доколку биде избран за прв претседател на државата, ќе работи на трансформација на Македонија во зелена држава која ќе се грижи за животната средина. На денешната прес-конференција во Градскиот парк во Скопје, Османи откри дека доколку стане шеф на државата, ќе формира борд за валидација, кој ќе ги прегледува законите дали имаат негативно влијание врз животната средина.
Бордот, како што рече Османи, ќе врши ветинг на сите проекти и закони за заштита на животната средина и ќе гарантира дека сите закони се одржливи.
Османи со повик сите да ја поддржат неговата заложба за заштита на животната средина. Вели дека таа не е само политичко ветување, туку морален императив.
-Додека се соочуваме со предизвиците на 21 век, неопходно е да се препознае нераскинливата врска помеѓу животната средина и безбедноста на земјата. Безбедноста не е само за границите и армијата, туку и за создавање општество кое е отпорно, самоодржливо и во хармонија со природата. Со интегрирање на еколошките размислувања во нашата безбедносна рамка, ние преземаме пристап за да ја заштитиме иднината на нашата земја, изјави претседателскиот кандидат.