Уште еден фалсификуван документ од школата на Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ за списоците што ги објави СДСМ

од Nikola Popovski
187 прегледи

„И денешниот прес на СДС каде обвинуваат за наводна злоупотреба на документи е уште една манипулација, класична монтажа и фалсификуван документ од школата на Асаф Еисин“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според партијата, „единствен кој злоупотребува болни во Македонија е СДСМ“.

„Втора злоупотреба на болни е кога СДС реши да профитира на модуларните болници, па поставуваше „картонски кутии“ како болнички објекти, кои во Тетово се запалија и одземаа живот на 14 наши сограѓани. СДС ги злоупотребува и болните од цистична фиброза, кои останаа без терапија“, стои меѓу другото во партиското соопштение.

СДСМ денеска обелодени дека ВМРО-ДПМНЕ во Струмица предводено од Александар Николоски започнало со притисок и злоупотреби. Според владеачката партија, се објавуваат списоци од болни луѓе кои се лекуваат во болницата во Струмица.

-Имено, мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе кои се лекуваат во болницата со нивен матичен број, за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ. Ова е огромен скандал за кој мора институциите да покренат постапка итно, порача Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Слични содржини